
Вториот малопродажен објект на „Гомекс“ во Белград беше отворен на 14 август, на улицата „Јанко Вукотиќ“, бр. 30, во населбата Лабудово брдо.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Вториот малопродажен објект на „Гомекс" во Белград беше отворен на 14 август, на улицата „Јанко Вукотиќ", бр. 30, во населбата Лабудово брдо.
Потрошувачите не го криеја одушевувањето од изгледот на новата продавница на „Гомекс", како и од богатата понуда од речиси 5.000 различни артикли, соопштија од компанијата.
Супермаркетот се простира на продажен простор од 450 квадратни метри, располага со три каси, а за квалитетната и брза услуга се задолжени 18 нови вработени, кои успешно ја поминаа обуката во тренинг-центарот „Гомекс" во Зрењанин.
Ова е уште една од низата новоотворени продавници, каде што се применуваат новите стандарди на „Гомекс", од аспект на изложување на производите, разладните витрини, графичкото уредување на надворешниот и на внатрешниот простор. Резултатот од новите, современи стандарди за форматирање на малопродажните објекти е зголемено задоволство при купувањето, се наведува во соопштението.