
Планот е погонот што сега е во тест-период и вработува пет работници, со текот на времето да прерасне во фабрика.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Планот е погонот што сега е во тест-период и вработува пет работници, со текот на времето да прерасне во фабрика.
Босанскохерцеговската прехранбена индустрија „Клас" од Сараево почна со производство на тестенини во Сребреница. Сребреница е првиот град во БиХ што го посетив заедно со соработниците откако во март оваа година бев именуван за директор на „Клас". Подготовките за производство траеја неколку месеци, колку што е потребно тимот на технолози на „Клас" и останатите експерти да создадат услови за почеток на работата на погонот. Многу е цврста нашата определеност да и помогнеме на Сребреница така што ќе отвориме нови работни места. Се надеваме дека ќе успееме во тоа, кажа Русмир Хрвиќ, директор на компанијата „Клас.
Проектот за отворање на погонот е предлог на здружението „Жените на Сребреница" во соработка со стопанскиот оддел на Општина Сребреница.
Брендот на тестенини Klas i Moja mama ќе се произведува за босанскохерцеговскиот пазар, а наскоро се очекува и извоз на тестенините на странските пазари.
Засега погонот е во тест-период и вработени се пет работници. Планот е погонот со време да прерасне во фабрика. Ќе почнеме со тестенините. Меѓутоа, постои можност за проширување на производствениот асортиман и на некои нови програми што „Клас" има во план да ги развие, објасни Хрвиќ.