
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со новиот Закон за заштита на потрошувачите предвиден е рок од 8 дена за одговарање на трговците на потрошувачите за нивните изјавени рекламации, а рокот за решавање на рекламациите што трговецот ги усвоил не може да биде подолг од 15 дена.
Со новиот Закон за заштита на потрошувачите предвиден е рок од 8 дена за одговарање на трговците на потрошувачите за нивните изјавени рекламации, а рокот за решавање на рекламациите што трговецот ги усвоил не може да биде подолг од 15 дена.
Доколку се јави несообразност на производот или услугата потрошувачот има право да бара таа да се отстрани со замена, со соодветно намалена цена или со изјава за прекин на договорот.
Поправката е можна само со јасна согласност на потрошувачот, а доколку потрошувачот не може да ја достави амбалажата на производот до продавницата тоа нема да биде услов ниту причина за нерешавање на рекламацијата. Предложени се посебни казни за трговецот кој нема да ја реши рекламацијата во дадениот рок и на начинот како што тоа го бара потрошувачот.
Трговците ќе имаат обврска да водат посебна евиденција за примените рекламации, каде што ќе бидат наведени сите неопходни елементи преку кои ќе биде видлив текот на случувањето.
Давателите на услуги од општ економски интерес ќе бидат обврзани да формираат посебна комисија за решавање на рекламацијата, каде што ќе има претставници од потрошувачките организации што ќе бидат евидентирани од министерството.
Со новиот Закон се дефинираат поимите „колективен интерес на потрошувачот", а колективната заштита на потрошувачите се однесува на спречувањето на нечесни работни практики и неправедни договорени одредби.
Законот предвидува и укинување на судските такси за потрошувачите спорови до вредност од 500.000 динари.