
Компанијата „InTeSe GmbH & Co. KG“ почна со испорака и монтажа на палетно-сталажното складиште за дистрибутивниот центар што компанијата „Делез“ – Србија го гради во индустриската зона во Стара Пазова.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „InTeSe GmbH & Co. KG" почна со испорака и монтажа на палетно-сталажното складиште за дистрибутивниот центар што компанијата „Делез" – Србија го гради во индустриската зона во Стара Пазова.
Како што се наведува во соопштението на компанијата „InTeSe", комплкексот хала А се состои од три целини. Во делот А1 монтажата на капацитетот од 17.720 палетни места е завршена, а во делот А2 монтажата на капацитетот од 22.320 палетни места е во тек. Последната целина А3 ќе биде со капацитет од 26.562 палетни места.
До крајот на годината се планира да се заврши и палетно-сталажното складиште во разладниот дел на комплексот Б, со вкупен капацитет од 13.822 палетни места.
Во изминатите две години успеавме да се позиционираме на пазарот за магацинска опрема и сега држиме повеќе од третина на пазарот, се наведува во соопштението.