
Италијанската групација „Ла линеа верде“ на 16 ноември почна со изградба на фабрика за преработка и пакување во Добринци, во близина на Рума.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Италијанската групација „Ла линеа верде" на 16 ноември почна со изградба на фабрика за преработка и пакување во Добринци, во близина на Рума.
Изградбата се очекува да заврши во мај 2017 година. Во фабриката ќе бидат вработени 150 работници, а помалите земјоделци ќе имаат можност да бидат кооперанти.
Во првата фаза на изградба во фабриката ќе бидат вложени околу 8 милиони евра, додека во втората многу повеќе, изјавуваат од компанијата.
Освен преработка и пакување, фабриката ќе постави и околу 20 хектари пластеник. Во Ла линеа верде" ќе се произведуваат оброк салати, а ќе се пакува и испрана салата, подготвена за консумирање.