
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група“ во првиот квартал на 2014 година оствари приход од продажба во износ од 149,9 милиони евра, што претставува пораст од 4,1% во однос истиот период во 2013 година. Добивката пред камата и данокот (ЕБИТ) изнесува 11,4 милиони евра и е за 13,4% поголема во однос на истиот период од 2013 година. Нето-добивката изнесува 4,3 милиони евра и претставува зголемување од 5,2% во однос на истиот период лани.
„Атлантик група" во првиот квартал на 2014 година оствари приход од продажба во износ од 149,9 милиони евра, што претставува пораст од 4,1% во однос истиот период во 2013 година. Добивката пред камата и данокот (ЕБИТ) изнесува 11,4 милиони евра и е за 13,4% поголема во однос на истиот период од 2013 година. Нето-добивката изнесува 4,3 милиони евра и претставува зголемување од 5,2% во однос на истиот период лани.
„Атлантик група" ја почна 2014 година со пораст, остварувајќи ги претходно најавените очекувања. Притоа, во овој период најмногу се истакнува зајакнувањето на дистрибутивното портфолио во регионот, порастот на продажбата надвор од регионот и подобрувањето на профитните маржи на сите нивоа. И во следниот период, ние ќе се фокусираме на развојот на деловното работење, управувањето со ризиците, одржувањето на ликвидноста и управувањето со финансиските обврски, изјави Емил Тедески, претседател на Управниот одбор на „Атлантик група".
Тргувањето во првиот квартал „Атлантик" го обележа со почеток на диструбицијата на портфолиото на „Унилевер" на хрватскиот и на словенскиот пазар, со што го потврди својот статус на водечки дистрибутер во регионот. „Унилевер" е еден од најголемите светски производители на производи за широка потрошувачка, во чиешто портфолио се светски познатите брендови Knorr, Hellman's, Axe, Rexona, Brut, Signal, Coccolino, Domestos, Cif и многу други. Договорот е во вредност од 32 милиони евра, од што 51% се однесува на пазарот во Хрватска, а 49 отсто на пазарот во Словенија.
За вкупниот пораст на приходите од продажба на „Атлантик група" најмногу придонесоа категориите спортска и активна исхрана (5,9%) и здравје и нега (7,1%), како и новиот дистрибутивен договор со концернот „Унилевер" за храватскиот и словенскиот пазар. Категоријата кафе со 18,8% од вкупниот приход од продажба се истакнува како најголема поединечна категорија со приход од 28,2 милиони евра.
Во однос на пазарите, најголем пораст е остварен на словенскиот пазар (23%) или 15,1% од вкупниот приход од продажба. Хрватскиот пазар е најголемиот во вкупниот приход од продажба со 23,8% и пораст од 9,7%. Пазарот во Русија и другите земји од ЗНД бележат пораст од 25,2% и удел од 6,1% во вкупниот приход од продажба. Клучните европски пазари (Германија, Велика Британија, Италија, Швајцарија, Австрија, Шведска и Шпанија), што сочинуваат 13,9% од вкупниот приход, остварија пораст од 1,2%.
Брендовите што се во сопственост на „Атлантик група" учествуваат во продажбата со 66,8%, дистрибуцијата на производи од трговските марки од принципалите изнесува 17,2%, синџирот-аптеки „Фармациа" со 6,9%, додека производите што „Атлантик група" ги произведува како приватни трговски марки за големите трговци во земјата и во странство учествуваат со 9,2%.