
Според зборовите на Младен Андриќ, директорот на „Перутнина Птуј БХ“, компанијата оваа година ќе почне со извоз на производи на пазарите на Црна Гора, Србија и Македонија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Според зборовите на Младен Андриќ, директорот на „Перутнина Птуј БХ", компанијата оваа година ќе почне со извоз на производи на пазарите на Црна Гора, Србија и Македонија.
Според првите најави, би требало да има прва испорака и за Албанија и за Обединетите Арапски Емирати во декември, а во тек се и преговорите со Турција, каде што, според зборовите на Андриќ, првите пратки можат да бидат испорачани во втората половина на 2013 година.
Како што додаде, инвестициите во голема мера ќе бидат условени од количеството на извозот, а доколку работењето со Турција се одвива во очекуваниот обем, можна е инвестиција во проширување на погонот.
Во фабриката во Србац, според неговите зборови, веќе се работи на проширување на капацитетите за околу 120.000 грла живина за гоење. Тоа е инвестиција вредна околу 1,2 милиони евра, што ќе донесе работа за нови 20 вработени.