
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На првата конференција Маркетинг самит Белград - Маркетингот победува во земјата, регионот и светот, што се одржа на 10 април во хотелот „Хајат Реџенси“ во Белград, присуствуваа повеќе од 300 учесници од земјата и регионот. Конференцијата ја организираше регионалниот трговски магазин InStore во соработка со бизнис-академијата на „Финанце“.
На првата конференција Маркетинг самит Белград - Маркетингот победува во земјата, регионот и светот, што се одржа на 10 април во хотелот „Хајат Реџенси" во Белград, присуствуваа повеќе од 300 учесници од земјата и регионот. Конференцијата ја организираше регионалниот трговски магазин InStore во соработка со бизнис-академијата на „Финанце".
На самитот се зборуваше за она што е најважно за успешен маркетинг, како и за предизвиците од порастот и влијанието на дигиталната сфера во областа на маркетингот. Претставници од успешни компании и брендови ги споделија своите искуства, а експертите претставија анализи за моменталните и идните предизвици на маркетингот во земјата, регионот и светот. Целта на конференцијата беше на едно место да се соберат и да се покажат примерите на добрата маркетинг-пракса.
На конференцијата присуствуваа претставници од следните компании: „Амикус", „Агромаркет", „Атлантик група", „Абракадабра", „Адвајсер Србија", „АС Медиа", „Бахус", „Бамби", „Биснод", „БГ реклам", „Бојарт", „Брукета и Жиниќ", „Ас медиа", „Бритиш Американ тобако", „Бизнис ХР", „Бизнис магазин", „Карлсберг", „Карнекс", „Хромос", „Коре дистрибушн", „Кока-Кола", „Црвена ѕвезда", „Делез Србија", „Дејли", „Директ медиа", „Делајт", „Делта ДМД", „Делта генерали", „Драфтфцб афирма, ДДОР, „Дијамант", „Директ медиа", „Директ маркетинг сервис", ДПЦ, „Драфт ФЦБ", „ДТД рибарство", Д&Х, „Ерсте банк", „Еуроелит", „Економетар", „еКапија", „Финанце", „Флориода бел", „Фроденберг", „Фриком", „Фокус рисрч", „Г-комуникации", „Горење", „Гугл", „Гејтбиз", „Глобал маркетинг солушнс", „Гранд", „Хенкел", „Хиперком", „Хттпул", „Херор медиа понт", „Хјуџ медиа", „Идеа", „Имлек", „Империјал тобако", И.Ц.П.С., „Лафарг", ИБМ, „Ипсос", „Инфостуд", „Инфобип", „Инсторадриатик", „Лагуна, „Либер новус", „Џ.В. Томпсон", „Јафа Црвенка", „Џонсон &Џонсон", „Кенди експорт", „Краш", „Кроно медиа", „Луки комерц", „Лафарг", „Логит", „Марбо продукт", „Масми", „Маркетинг итд", МЦБ, „Медиа хаус", „Медиа џобс", „Медиа маркетинг", „Медиа С СМВГ", „Медиа поинт", „Меккен", „Медиана ИРМ", „Меркатор", „Металац", „Милениум осигурање", „Млекопродукт", „Монтенегро метрополис", „м:тел", „Њу момент", „Нектар", „Нестле", „Нилсен", „Нови магазин, „Нова љубљанска банка", „Вечерње новости", „Омнико дистрибуција", „Опел", „Олаф & Мекатер", „Омкафе", „Пол Хартман АГ", „Пионир", „Петрол", „Плус медиа", „Подунавље", „Подравка",
„Пивоварна Лашко", „Унион", „Полимарк брендс", „Радио лагуна", „Рекит Бенкисер", РТС, „Штраус", „Симфони EYC", „Свислион", „Секопак", „Сторк", „Штарк", „Таркет", „Телеком", „Технохемија", „Терме чатеж", „Тетра пак", „Теле системи", „Трговина Јевтиќ", „Ткк", „Уникредит груп", „Вијести", „Валикон", „Викторија логистик", „Вип мобиле", „Винарија Мачков подрум", „Взаемна заваровалница", „Јуко хемија", „Јухор", „Здравје Радово", „Зелени круг", „Златиборац", „Вернер & Мерц".
Ве повикуваме да ни се придружите следната година во исто време, на Маркетинг самитот во Белград 2015 година, во уште поголем број.