
Здружението на производители на његушките специјалитети, во Министерството за земјоделство и рурален развој во Црна Гора, иницира постапка за географска заштита за његушката пршута.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Здружението на производители на његушките специјалитети, во Министерството за земјоделство и рурален развој во Црна Гора, иницира постапка за географска заштита за његушката пршута.
За његушката пршута да го добие статусот заштитена географска ознака, мора да исполни низа услови предвидени со спецификација. Његушката пршута мора да се произведува по воспоставена традиционална и технолошка постапка. Производството мора да биде на надморска височина од 800 метри и исклучиво на географската област Његуш.
Според Здружението, со остварувањето на заштитата, се обезбедува и правна заштита и ќе се избегнат плагијати и лажно претставувани производи, со што може да се доведе во заблуда потрошувачот.