
„Плодине“ го отворија 81. продажен центар, инвестиција вредна 6 милиони евра која е дел од стратегијата за ширење на малопродажната мрежа во Хрватска. Новиот супермаркет се наоѓа во Пула, на ул. „Мутилска“ бр.60б.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Плодине" го отворија 81. продажен центар, инвестиција вредна 6 милиони евра која е дел од стратегијата за ширење на малопродажната мрежа во Хрватска.
Новиот супермаркет се наоѓа во Пула, на ул. „Мутилска" бр.60б.
Вредноста на инвестицијата изнесува 6 милиони евра, а со неговото отворање вработени се 45 луѓе. Супермаркетот, кој е изграден според најновите стандарди на овој трговски синџир, се простира на 2.500 м² и обезбедени се 160 паркинг-места. Со начинот на распределба на одделите и на асортиманот, на потрошувачите им се овозможува функционално и пријатно купување, со примена на најмодерните стандарди во трговијата.
Во поглед на асортиманот, прехранбените производи сочинуваат 65% од понудата, а другиот дел се непрехранбени производи. Новитет во супермаркетот, меѓудругото, е пекарницата во која потрошувачите самите можат да се послужуваат. На потрошувачите достапни им се 15.000 производи, а дел од понудата е и приватната трговска марка Plodine, која опфаќа 700 квалитетни производи по поволни цени.