
Собранието на акционери на „Плантаже“ го усвои финансискиот извештај за 2016 година, според кој, компанијата остварила бруто-добивка во износ од 2,3 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Собранието на акционери на „Плантаже" го усвои финансискиот извештај за 2016 година, според кој, компанијата остварила бруто-добивка во износ од 2,3 милиони евра.
Како што пренесува „еКапија", собранието донело одлука од остварената нето-добивка во износ од два милиона евра, за девиденда да се определи 500.000 евра, а остатокот да се остави како нераспределена добивка.
Презентирајќи ги резултатите од работењето во 2016 година, извршната директорка Верица Мараш рече дека иако минатата година била кризна, компанијата остварила добар деловен резултат и бруто-добивка за 33 отсто повисока од претходната година.
Присутни сме на пазарите на повеќе од 43 земји во светот и речиси на сите бележиме пораст на продажбата. Приходите од продажбата на производи во шишиња се повисоки за 1,5 милиони евра, односно за 6 отсто. Посебно сакаме да истакнеме дека продажбата на трпезно грозје забележа извонреден резултат, односно пораст за 20 отсто во однос на една година претходно, наведе таа.