
Компанијата „13 јули Плантаже“ за првпат во Херцег Нови учествуваше на организирана манифестација под наслов „NTC wine and gastronomy festival“, која беше одржана во автентичниот амбиент на кафеаната „Градска кафана“, во срцето на стариот град.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „13 јули Плантаже" за првпат во Херцег Нови учествуваше на организирана манифестација под наслов „NTC wine and gastronomy festival", која беше одржана во автентичниот амбиент на кафеаната „Градска кафана", во срцето на стариот град.
На фестивалот, со богата понуда и асортиман на производи се претставија повеќе од 40 изложувачи од Франција, Италија, Германија, Холандија, Шпанија, Словенија БиХ, Србија, Хрватска како и Црна Гора.
На оваа манифестација присуствуваа еминентни угостители, сопственици и менаџери на елитни хотели и ресторани, познавачи на виното, претставници на познати винарници, најпознати сомелиери, професионални готвачи, бармени, како и црногорските винари, кои со изложувањето на асортиманот придонесоа за целокупниот настан и за многубројните посетители на фестивалот.
Според зборовите на Јована Шановиќ, маркетинг-менаџер на компанијата „13јули Плантаже", овој фестивал претставува значаен настан за црногорскиот пазар, кој има тенденција да прерасне во традиција и секоја година да биде сèпоголем.