
Компанијата „Плантаже“ ја заврши минатата година со нето-добивка од 1,61 милион евра, што е за 28,4 отсто повеќе во споредба со 2014 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Плантаже" ја заврши минатата година со нето-добивка од 1,61 милион евра, што е за 28,4 отсто повеќе во споредба со 2014 година.
Приходите на компанијата, според консолидираниот извештај за работењето на компанијата, изнесува 31,26 милиони евра и беа повисоки за 2,6 отсто во споредба со 2014 година. Расходите на компанијата пораснаа за 3,2 отсто, на 28,23 милиони евра, соопштуваат од компанијата.
Според податоците на Централната депозитна агенција, Инвестицискиот развоен фонд има 22,23 отсто акции во „Плантаже", Фондот за пензиско и инвалидско осигурување 21,49 отсто, „Сосиет женерал Монтенегро" 9,23 отсто, а Заводот за вработување 8,53 отсто.