
Во разговор со магазинот InStore, претседателот на управата на „Млинотест“ Давид Набергој објави дека до крајот на годината нивните производи ќе се најдат на полиците на кинеските супермаркети.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Во разговор со магазинот InStore, претседателот на управата на „Млинотест" Давид Набергој објави дека до крајот на годината нивните производи ќе се најдат на полиците на кинеските супермаркети.
Набергој објасни дека во компанијата веќе почнале со преведување на декларациите. Сакам да го пофалам министерот Дејан Жидан кој многу се ангажираше за извоз на словенечката храна на најголемите светски пазари, додаде тој.
Кон крајот на годината во провинцијата Фујиан ќе замине делегација од компанијата, која заедно со останатите стопанственици ќе присуствуваат на состанокот со кинеските претприемачи. Состанокот е организиран од страна на Жидан.
Најмногу ќе ги извезуваме тестенините Divita и нашата смрзната програма, изјави Набергој кој веќе 19 години е на челното место на „Млинотест" и додаде: Со оглед на тоа што во раните деведести години „Млинотест" веќе извезуваше, имаме искуство и полни сме со очекувања од новото работење.
Тој нагласи дека заедно со колективот подготвени се да направат сè за „Млинотест" да остане во словенечко сопствеништво.