
Во Белград неодамна беше одржана првата пивска тура чии патишта водат низ старата населба Дорќол, со дегустација на разлчни занаетчиски пива и приказни за домашното пиво
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Белград неодамна беше одржана првата пивска тура чии патишта водат низ старата населба Дорќол (каде што се вкрстуваат четири патишта - тур. dört yol), со дегустација на разлчни занаетчиски пива и приказни за домашното пиво.
Организатор на турата е туристичката агенција „Go2 Serbia", а замислата е заинтересираните, предводени од водич, да поминат три паба во Дорќол - „Крафтер", „Бир вуд" и „Пасинџерс", во кои ќе дегустриаат седум одбрани крафт-пива.
Покрај дегустирањето, посетителите ќе можат да слушнат и приказни за историјата на пивото и за технологијата на производство на пиво, како и за изненадниот успех на занаетчиското пиварство во Србија. Турата се изведува секој викенд, на српски и на англиски јазик.