
Во Љубљана од неодамна почна интернет-продажбата на домашни и странски пива на веб-страницата Birbox. Овде можат да се нарачаат врвни пива од Словенија, Белгија, Германија, Ирска и од другите земји што се познати по производството на пиво.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Љубљана од неодамна почна интернет-продажбата на домашни и странски пива на веб-страницата Birbox. Овде можат да се нарачаат врвни пива од Словенија, Белгија, Германија, Ирска и од другите земји што се познати по производството на пиво.
Културата на пиење пиво кај нас е во пораст, така што освен големи, во последните години отворени се и шест микропиварници. Верувам во овој модел, иако сум свесен дека за успехот ќе пресуди пазарот, изјави Дејан Жердин, основач и сопственик на интернет-пивотеката „Бирбокс".
Доставата во областа на Љубљана се врши директно, а до другите локации нарачаното пиво стигнува по пошта, при што постои можност и за постојани месечни нарачки со соодветен попуст.