
„Пивара Ниш“ најави продажба на својот имот кој се наоѓа во Ниш, а почетната цена за наддавање е 240 милиони динари.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Пивара Ниш" најави продажба на својот имот кој се наоѓа во Ниш, а почетната цена за наддавање е 240 милиони динари.
Како што се наведува, цената постигната на јавното наддавање ќе биде и купопродажната цена без ДДВ и без други јавни приходи.
Право на учество имаат оние кои ќе откупат продажна документација од 50.000 динари и ќе уплатат депозит од 158,5 милиони динари до 16 февруари.
Во огласот објавен во дневните весници, се наведува дека вкупната површина на градежните објекти што се продаваат е 22,620 милиони динари и дека сопственик на тие објекти е стечаен должник.
Исто така е наведено дека целиот недвижен имот се наоѓа на државно земјиште, а стечајниот должник има право на користење на тоа земјиште чија вкупна површина е 3,65 хектари, од кои 2,71 хектари се згради, а останатото е земјиште под објектите.
Предмет на продажба е и пивницата и складиште на акцизната стока, магацин за акцизна стока, транспортните возила, котларница, управна зграда, дисконти и комплетна опрема за нив, уметнички слики, резерви, амбалажи и резервни делови, како и работилница и објекти за ладење.