
Месната индустрија „Браќа Пивац“ го зголеми сопственичкиот удел во „Краш“ на 15,08 отсто. Тоа значи дека оваа месна индустрија, од април 2013 година кога го поминала прагот од 10 отсто, до сега, купила околу пет отсто од акциите.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Месната индустрија „Браќа Пивац" го зголеми сопственичкиот удел во „Краш" на 15,08 отсто. Тоа значи дека оваа месна индустрија, од април 2013 година кога го поминала прагот од 10 отсто, до сега, купила околу пет отсто од акциите.
Иако оваа компанија најавила дека немаат во план да продолжат со вложување во „Краш", очигледно е дека полека земаат сè поголем дел од колачот. И по оваа трансакција, претседателот на управата на „Браќа Пивац" Ивица Пивац, повторува дека немаат никакви значајни планови со „Краш", туку со оваа постапка веруваат дека направиле добра инвестиција и дека „Краш" е преспективна компанија во која вреди да се вложува.
Месната индустрија „Браќа Пивец" е вториот акционер на „Краш". Најголемиот удел од 19,76 отсто и понатаму го имаат работниците на „Краш".