
Првиот контејнер со новите производи на „Пирела“ – овошни сокови и нектари во пјурпак-амбалажи, од еден и два литра – тргнува за Сингапур.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Првиот контејнер со новите производи на „Пирела" – овошни сокови и нектари во пјурпак-амбалажи, од еден и два литра – тргнува за Сингапур.
„Пирела" има склучено договор за извоз на овошни сокови и сирупи со најголемата стоковна куќа во Сингапур. Од компанијата соопштија дека стандардите што ги поседува таа, како и дегустацијата и анализата на квалитетот на нејзините сокови во Сингапур биле неопходните услови за склучување на тој надворешнотрговски аранжман.
Фабриката е основана во 1999 година, а во 2006 година ги имплементираше паралелните стандарди за квалитет ИСО 9001:2000 и ХАССП.