
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватското трговско претпријатие „Певец“ соопшти дека, по успешно спроведениот стечај, продолжува со ширење на малопродажната мрежа и дека на 15 март го отвори првиот продажен центар по формирањето на претпријатието како акционерско друштво.
Хрватското трговско претпријатие „Певец" соопшти дека по успешно спроведениот стечај, продолжува со ширење на малопродажната мрежа и дека на 15 март го отвори првиот продажен центар по формирањето на претпријатието како акционерско друштво.
Новиот центар во Макарска се простира на продажна површина од околу 2.800 квадратни метри, а работа е обезбедена за 30 работници.
Како што и претходно е соопштено, во првтата половина од годината во план е проширување и на територијата на Загреб, со што вкупниот број на продажни центри ќе се зголеми на 14.