
„Певец“ го отвори 23. продажен центар кој се наоѓа во Чаковец. Во новиот продажен простор вложени се околу 4 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Певец" го отвори 23. продажен центар кој се наоѓа во Чаковец. Во новиот продажен простор вложени се околу 4 милиони евра.
На речиси 4.500 м² на купувачите им се нудат повеќе од 22.000 производи од хрватски и странски доставувачи. Во продажниот центар вработување добија 50 луѓе.
Исклучително ни е драго што во Чаковец го отворивме продажниот центар и тоа во сопствен простор, кој го купивме минатата година. Во моментов нашата продажна мрежа е присутна во 19 хрватски градови, а наскоро се очекува и отворање на продажен простор во Бјеловар, чија изградба е во тек, истакна претседателот на Управата на „Певец", Јурица Ловринчевиќ.
На првиот ден од отворањето „Певец" ги награди посетителите со подароци, а почна и голема наградна игра само за купувачите од овој град.
Освен продажниот простор во Чаковец, „Певец" отвори и кафуле „Самофино".