
Компанијата „Певец“, со стручна помош на партнерот „Алфатек груп“, воведува платформа SAP Business Intelligence за деловно известување и анализа на податоци, со цел дополнително унапредување на секојдневното работење.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Певец", со стручна помош на партнерот „Алфатек груп", воведува платформа SAP Business Intelligence за деловно известување и анализа на податоци, со цел дополнително унапредување на секојдневното работење.
Со воведувањето на SAP Business Intelligence, раководството на „Певец" ќе обезбеди брз и едноставен пристап до податоците од комерцијалното работење. На овој начин на компанијата ѝ се овозможува потранспарентен дневен увид во деловните податоци, а со тоа и можност за побрзо донесување на одлуките.
Со оглед динамичниот пазар во Хрватска и желбата на нашата компанија да обезбеди уживање во купувањето и понуда на производи од различни продажни програми, со имплементацијата на овој модерен систем ќе можеме поквалитетно да одговориме на потребите на нашите купувачи и брзо да реагираме на пазарните можности, изјави Ненад Маѓериќ, директор на синџирот за набавка во „Певец".