
Во Хрватска е активирана интернет-петиција за забрана за работата на продавниците во недела и на празници.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Хрватска е активирана интернет-петиција за забрана за работата на продавниците во недела и на празници, бидејќи таа практика, според мислењето на многу граѓани претставува кршење на работничките права.

Петицијата ја потпишаа речиси 7.000 граѓани, а поголемиот дел сметаат дека е потребна заштита на работниците од екплоатација, односно дека неделите и празниците треба да бидат денови за одмор и време за семејството и за пријателите.
Законски, на трговците во Хрватска им е овозможена работа од 00 до 24 часот, но работата во недела и на празници, мора да биде дополнително платена, што поради слабите контроли, честопати не се почитува.