
Последните златни и сребрени медали за вината на „13 јули – Плантаже“ беа освоени на натпреварите „Вино Љубљана“ и „Вин Агора“, одржани во земјите на регионот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Последните златни и сребрени медали за вината на „13 јули – Плантаже" беа освоени на натпреварите „Вино Љубљана" и „Вин Агора", одржани во земјите на регионот.
На 56-от интернационален вински натпревар „Вино Љубљана 2014", што се одржа од 27 до 29 јуни, во конкуренција на 300 вина од 19 земји, со златни медали се закитија вината Vladika 2011, Vranac Pro Corde 2011 и Vranac Reserve 2007.
Од натпреварот „Вин Агора", одржан од 12 до 15 јуни во Будимпешта, од 600 пријавени вина, Vranac Pro Corde 2011 и Montenegrin Cheval 2011 освоија сребрени медали.
Добиените признанија се уште една потврда за високиот квалитет на вината на „Плантаже", но и обврска да продолжиме со создавање врвни вина и ракии за задоволство и уживање на потрошувачите од целиот свет, истакнуваат од компанијата.