
„Перутнина Птуј“ мора ова лето да спроведе поголема докапитализација и со дополнителен капитал да ги реши финансиските проблеми, наведува љубљанскиот „Дневник“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Перутнина Птуј" мора ова лето да спроведе поголема докапитализација и со дополнителен капитал да ги реши финансиските проблеми, наведува љубљанскиот „Дневник".
Почнаа разговорите за висината на докапитализацијата меѓу Управата, предводена од Роман Гласер, и банките доверители. Наскоро може да се очекува и распишување на конкурс за финансиски советник, кој ќе помогне во пронаоѓањето на стратешки партнер.
Во неформалните разговори, банкарите порачуваат дека на компанијата ќе и биде потребен дополнителен капитал во износ од 20 милиони евра. Од друга страна, Гласер се заложува за колку што е можно помала докапитализација. Уделот на долг во финансирањето, на ниво на целата групација достигна 70%. Групацијата има вкупен долг од околу 120 милиони евра.