
Претседателот на управата и генерален директор на „Перутнина Птуј“ Роман Гласер потврди дека компанијата работи на својата продажба, при што помош ќе и даде и светската банка БНП „Парибас“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Претседателот на управата и генерален директор на „Перутнина Птуј" Роман Гласер потврди дека компанијата работи на својата продажба, при што помош ќе и даде и светската банка БНП „Парибас".
Конзорциумот на банки во фазата на репрограмирање на кредитот на компанијата ѝ позајми 80 милиони евра за да ја реализира докапитализацијата. За советник на целиот процес избрана е светската банка БНП „Парибас". Комплетниот процес ќе биде завршен брзо и професионално, кажа за InStore Роман Гласер, директор на „Перутнина Птуј" со што ги потврди неодамнешните шпекулации.
Да потсетиме, новинската агенција „Ројтерс" минатата недела објави податок дека вредноста на продажбата се проценува за околу 140 милиони евра. „Перутнина Птуј" потврди дека за советник е ангажирана банката БНП „Парибас", основана во 2000 година во Париз. Нејзината добивка изнесува 4,8 милијарди евра. Банката работи во 75 различни држави и има вкупно околу 185.000 службеници
| Посилен настап на западОсновната намена на докапитализацијата што акционерите ја отфрлија пред три години, најверојатно ќе биде јакнење на активностите на компанијата во технолошкиот дел, како што е подобрата контрола. Пред сè целта на докапитализацијата е дополнително ширење на развојната програма и јакнење на пазарот во западна Европа. |