
Управата на „Перутнина Птуј“, која ја предводи Роман Гласер, според неофицијални инфорамции, успеа да постигне договор со банките за условите за реструктурирање и репрограмирање на кредитот до 2020 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Управата на „Перутнина Птуј", која ја предводи Роман Гласер, според неофицијални инфорамции, успеа да постигне договор со банките за условите за реструктурирање и репрограмирање на кредитот до 2020 година.

Пред неколку дена во компанијата се договорија условите со банките и во моментов покривниот договор за финансиското реструктурирање се наоѓа на потпис, известува љубљанскиот „Дневник".
„Перутнина Птуј" не сака да ги коментира деталите од договорот, ниту кога ќе се повика сообранието за докапитализација. Еден од условите на банката е докапитализацијата на оваа компанија да се оствари со околу 20 милиони евра. Неофицијално, банкарите овозможија период од една година за докапитализација, инаку ќе биде откажан договорот за репрограмирање на кредитот.
„Перутнина Птуј" има слични проблеми како и многу други словенечки претпријатија, бидејќи во минатото на различни начини се задолжуваа во голем број различни банки. Сега банките ќе се поврзат во еден синдикат, со што сите кредити ќе имаат исти услови, а банките единствено осигурување, рече претседателот на Надзорниот одбор на „Перутнина Птуј" Борут Братина.