
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во својата фабрика „Пипо“ во Чаковец, „Перутнина Птуј“ отвори технолошки центар за обработка на пилешко месо каде што е вложено вкупно 2,6 милиони евра. Со оваа инвестиција на компанијата ќе ѝ биде овозможено подобрување на целокупниот систем на квалитет, безбедност и синџир на снабдување.
Во својата фабрика „Пипо" во Чаковец, „Перутнина Птуј" отвори технолошки центар за обработка на пилешко месо каде што е вложено вкупно 2,6 милиони евра. Со оваа инвестиција на компанијата ќе ѝ биде овозможено подобрување на целокупниот систем на квалитет, безбедност и синџир на снабдување.
Оваа инвестиција е резултат на сè поголемите потреби за силна и модернизирана инфраструктура, бидејќи за нас, со влегувањето на Хрватска во ЕУ, се отворија нови пазари, изјави директорот на компанијата од Чаковец, Предраг Шеговиќ.
Како што порачуваат од „Перутнина Птуј", фабриката „Пипо" со инвестирањето стана столб на работењето во Хрватска и референца за создавање на интегриран процес на производство. Со инвестициите компанијата одговара на барањата на пазарот и создава дополнителна вредност.
Проектот е кофинансиран од ЕУ, бидејќи инвестицијата е поддржана од ИПАРД во контекст на развој на домашната индустрија.