
Групацијата „Перутнина Птуј“ најави зголемување на пазарниот удел и подобрување на работењето во БИХ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Перутнина Птуј" најави зголемување на пазарниот удел и подобрување на работењето во БИХ.
Претседателот на управата Тибор Шимонка, пред новинарите во БИХ, ги претстави целите на групацијата за наредниот период, а посебно ги истакна начините како ќе се подобрува работењето во земјата.
Шимонка истакна дека компанијата работи во неколку земји, вклучувајќи ја и БИХ, и тоа преку фабриките во Бреза и во Србац. Тој истакна дека двете фабрики, минатата година оствариле добивка од 47 милиони евра. Но, од Управата не се задоволни со работењето на овој пазар, бидејќи веќе трета година по ред, компанијата бележи загуба на пазарниот удел.
Во наредниот период планираме да ставиме акцент на зајакнувањето на работењето во БИХ и да се вратиме на резултатите што ги имавме во 2013 година. Веќе се направени некои измени во менаџментот и во тек е процедурата за соединување на фирмите во Бреза и Србац во еден субјект, изјави Шимонка, додавајќи дека не е планирано намалување на бројот на вработени.
Тој најави зголемување на буџетот за маркетинг, нагласувајќи дека токму намалувањето на тие трошоци, е еден од причините за слабото работење во БИХ.