
„Перутнина Птуј“ – БИХ, еден од лидерите во преработка на месо од живина, инсталираше две нови линии за преработка и пакување на месо, со што ја зацврсти својата позиција на пазарот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Перутнина Птуј" – БИХ, еден од лидерите во преработка на месо од живина, инсталираше две нови линии за преработка и пакување на месо, со што ја зацврсти својата позиција на пазарот.
Со воведувањето на најновата технологија за преработка на месо (процес на отстранување на месото од кости и пакување на производи во модифицирана атмосфера), „Перутнина Птуј",во 2015 година, успешно инвестираше во производството и модернзацијата на своите постројки, во вредност од 1,05 милиони евра.
Предноста од процесот на отстранувањето месото од кости е во добивањето на значително подобри хемиски параметри на производот и можноста за производство на мелено пилешко месо и обликување на производот.
Пакувањето во модифицирана атмосфера е посебен третман на пакување месо, преработки од месо и сите видови храна. Промената на атмосферата во пакувањето е начин што придонесува за продолжување на трајноста на свежите прехранбени производи.
Со вложувањето во унапредувањето на производството и пазарните активности, продолжуваме кон зацврстување на позицијата што ја имаме - број 1 на пазарот. Квалитетот и сигурноста се на високо ниво и тоа е нешто го очекуваат од нас нашите потрошувачи. Затоа наша мисија и обврска е, со постојани унапредувања и воведувања на нови технологии, да ги подигнуваме веќе поставените страндарди за квалитет, така што потрошувачот може да биде сигурен дека ќе го донесеме само најдоброто на неговата маса, изјави Младен Андриќ, директор на „Перутнина Птуј" - БИХ.