
Маркетот „Персу“ од 1 септември воведува посебна програма за лојалност на пензионерите.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Маркетот „Персу" од 1 септември воведува посебна програма за лојалност на пензионерите.
Овој трговски синџир е првиот и единствен на овие простори каде што пензионерите ќе можат да ги користат своите Пензионерски картички со попуст. Станува збор за уште еден начин на дополнителна заштеда и чување на домашниот буџет, овој пат посветен на постарите граѓани, кои своите попусти ќе можат да ги остварат во повеќе од 120 објекти на „Персу" низ цела Војводина, се наведува во соопштението на трговскиот синџир „Персу".
Програмата на Пензионерските картички со попуст функционира едноставно – секој пензионер треба да се јави во своето здружение на пензионери или во Пензионерскиот сервис и на тој начин ќе дојде до својата картичка. Производите што ќе бидат на попуст за сопствениците на овие картички за лојалност ќе бидат посебно обележани. Во прашање се основни животни производи, како и сите производи неопходни за функционирање и одржување на домаќинството.
На овој начин маркетите „Персу" уште еднаш им излегуваат во пресрет на своите потрошувачи, за да им ја олеснат купувачката и им ја направат попријатна и подостапна, порачуваат од компанијата.