
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Маркетите „Персу“ најавија проширување на мрежата малопродажни објекти во текот на јули. Со цел повеќе да им се приближи на своите потрошувачи, овој трговски синџир свечено ќе ги отвори вратите на новите објекти во Србобран, Мужља и Кикинда.
Маркетите „Персу" најавија проширување на мрежата малопродажни објекти во текот на јули. Со цел повеќе да им се приближи на своите потрошувачи, овој трговски синџир свечено ќе ги отвори вратите на новите објекти во Србобран, Мужља и Кикинда.
Објектот во Србобран ќе биде отворен на 5 јули, на улицата „Јован Поповиќ" бр. 2. Ќе се простира на 58 квадратни метри, а во асортиманот ќе содржи повеќе од 2.000 артикли. На потрошувачите ќе им бидат на располагање две каси, а ќе бидат вработени четворица работници. Како што истакнуваат од компанијата, станува збор за нов објект, што се наоѓа на аголот од две големи улици и има соодветен паркинг-простор.
Отворањето на вториот објект е најавено за 7 јули, во Мужља. Продавницата ќе биде лоцирана на адресата „Јанош Хуњади" бр. 92, на вкупна површина од 67 квадратни метри. Во понудата ќе има повеќе од 2.500 производи, при што повеќе од 500 ќе бидат со трајно ниски цени. Во овој објект ќе работат 5 работници, а ќе има две каси.
Последниот во низата е објектот во Кикинда, на улицата „Башаидски друм" бб. Неговото отворање се планира за 12 јули. Ова е најголемиот објект што се простира на 79 квадратни метри, со 2.600 производи, две каси, четворица вработени и голем паркинг.