
Трговскиот синџир маркети „Персу“ го почна проектот „Наши сме“ и ги повика локалните производители да соработуваат.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир маркети „Персу" го почна проектот „Наши сме" и ги повика локалните производители да соработуваат.

Трговскиот синџир сака дополнително да го зајакне, мотивира и да го поттикне локалниот развој, поддржувајќи ги локалните производители, а воедно нудејќи им на своите купувачи свежи и здрави производи, во повеќе од 140 малопродажни објекти во Војводина.
Нашата цел е создавање благосостојба на локалната средина во која работиме, преку сопствена современа малопродажба и достапност на здрави, домашни и локални производи. Сакаме на нашите купувачи да овозможиме лесна достапност на ваквите производи, а на производителите, на нашите идни партнери, да им го олесниме пласманот и условите за работење, изјави Дарко Бјелоглав, директор и косопственик на маркетите „Персу".
По повод официјалното претставување на проектот, беше потпишан и првиот договор со семејна млекарница од Мокрина.
Овој проект навистина може да ги охрабри производителите, бидејќи нуди можност за пласман на производите во 140 објекти на синџирот „Персу", а потенцијално и во 600 малопродажни објекти во Србија, во рамките на асоцијацијата „Домаќи трговачки ланац", чиј основач и член е „Персу". Веруваме дека тоа ќе го унапреди нашето работење, објасни Бојка Плавшиќ, сопственик на млекарницата „Морин-млек".