
Во Република Српска, годинава се очекува рекорден род на пченка, особено на територијата на Приедор, каде оваа култура е засадена на земјиште од 15.000 хектари.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Република Српска, годинава се очекува рекорден род на пченка, особено на територијата на Приедор, каде оваа култура е засадена на земјиште од 15.000 хектари.
Раководителот на канцеларијата за нудење стручни услуги во земјоделството, при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска, Даниел Егиќ, објасни дека сеидбата траела подолго, што е причина што на различни парцели оваа култура е во различни фази.
Генерално, пченката е во добра состојба и може да се очекува рекорден род. Временските услови беа добри, освен малите проблеми во април, рече Егиќ.
Според неговите зборови, во текот на вегетацијата имало доволно дождови и доволно топли денови, за разлика од минатата година.