
Во јубилејната година, дрогеријата dm во изминатите два месеци отвори пет нови продажни објекти во Србија – по два во Белград и Ниш и еден во Нови Сад.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во јубилејната година, дрогеријата dm во изминатите два месеци отвори пет нови продажни објекти во Србија – по два во Белград и Ниш и еден во Нови Сад.
Како што истакнуваат од компанијата, сите отварања ги надминаа очекувањата за посетеноста, а секое отварање беше проследено со понуди од одредени производи со 50% попуст, вредни награди, многу подароци и забава. Исто така, првите денови на касите работеа познати личности за хуманитарните цели.
Продолжување на експанзијата се планира и во следниот период, со понатамошно проширување на мрежата на продажни објекти, понуда од речиси 13.000 производи, разноовидни двонеделни акции и специјални погодности, соопштија од dm.