
Произвoдителите и потрошувачите на вино во Србија ќе бидат заштитени од несовесните производители на овој пијалак, благодарение на новиот патент, што го открива додатокот на вода или шеќер.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Произвoдителите и потрошувачите на вино во Србија ќе бидат заштитени од несовесните производители на овој пијалак, благодарение на новиот патент, што го открива додатокот на вода или шеќер.
Иван Смајловиќ, дипломиран технолог, патентираше нов концепт, што ја открива автентичноста на виното и сведочи за заштита на географското потекло. Овој концепт може да помогне во создавањето на српски брендови и пласирање на виното како висококвалитетно.
Се работи за нов концепт, што ја детектира илегалната пракса на производителите на вино, како што се додатоците на вода и шеќер. Може да открие дали виното доаѓа од одредена винарница, како и дали е со заштитено географско потекло, изјави Смајловиќ за Б92.
Новиот концепт на анализа може да ги заштити и брендовите во алкохолната индустрија од фалсификатите на пазарот и да го одвои легалното од илегалното производство.
Оваа методологија ја прифатија и производителите, Министерството за земјоделство, Институтот за стандардизација и специјализираните лаборатории. Наскоро се очекува методот да се инкорпорира и во регулативите.