Еден од симболите на Белград и Србија, најголемата сала во регионот, од 2018 година се вика „Штарк арена“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Еден од симболите на Белград и Србија, најголемата сала во регионот, од 2018 година се вика „Штарк арена".

Партнер на Белградската арена во наредните пет години ќе биде „Атлантик група", регионален лидер во чии рамки работи и компанијата „Соко штарк".
Директорот на „Атлантик група" за Србија, Владимир Чупиќ, истакна дека верува во одличната соработка и посака многу успешни проекти на кои „Штарк арена" ќе им биде домаќин, сега во целосно нов, но претпознатлив изглед на срцето Štark.
Директорот на „Штарк арена", Ѓорѓе Милутиновиќ изјави дека арената со гордост ќе го носи новото име, најавувајќи големи случувања во областите музика, спорт и семејни забави.
При официјалното свечено одбележување на партнерството, претставени се новото лого и новиот надворешен изглед на „Штарк арената", која во боите на спонзорот, ќе продолжи да биде еден од најпрепознатливите обележја на Белград.