
Еден од загрепските паркови доби свое сопствено пиво, како дел од уметничкиот проект „Арт парк“, кој веќе второ лето го организира арт-колективот „Pimp my Pump“, познат по своите сликарски интервенции врз градските чешми
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Еден од загрепските паркови доби свое сопствено пиво, како дел од уметничкиот проект „Арт парк", кој веќе второ лето го организира арт-колективот „Pimp my Pump", познат по своите сликарски интервенции врз градските чешми во Загреб и просторот околу нив.
Со уметничките интеревенции во просторот, уметничката група успеала да заживее еден од напуштените паркови во хрватската престолнина, некогаш познат како собиралиште на зависници од дрога, и од него да направи атрактивен простор за секојдневно дружење.
Art Park Pivo е резултат на повеќегодишната соработка „Pimp my Pump" со пиварницата „Медведград". Станува збор за пиво од стилот виенски лагер, кое според хрватскиот пивски критичар Марко Ожеговиќ е апсолутно логичен производ на уметноста и крафт-пиварството, кое е на чекор до вистинската уметност.