
Стабилизацијата на тргувањето е во склад со економскиот нацрт. Во однос на истиот период лани, приходите се зголемија за 11%. Во 2014 година се планира зголемување на продажбата за 4%.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Стабилизацијата на тргувањето е во склад со економскиот нацрт. Во однос на истиот период лани, приходите се зголемија за 11%. Во 2014 година се планира зголемување на продажбата за 4%.
Веста за резултатите од првиот квартал беше објавена на состанокот на Надзорниот одбор. Приходите од продажбата во однос на минатата година се поголеми за 11%, што е за 3% повеќе од очекуваното. Во првиот квартал од оваа година „Палома" оствари оперативна добивка во износ од 1,1 милиони евра. Нето-добивката во првите три месеци изнесуваше милион евра, додека лани во истиот период беше негативна. Компанијата од септември успеа да ги намали долговите кон доставувачите за повеќе од 3,5 милиони евра.