
Во првите пет месеци приходите од продажба на „Палома“ достигнаа речиси до 36,7 милиони евра. Компанијата успешно продолжува со реорганизацијата на тргувањето во согласност со потребите на пазарот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првите пет месеци приходите од продажба на „Палома" достигнаа речиси до 36,7 милиони евра. Компанијата успешно продолжува со реорганизацијата на тргувањето во согласност со потребите на пазарот.
На 22 редовна седница на акционерското друштво „Палома", акционерите се запознаа со ревидираниот годишен извештај на „Палома" и ревидираниот консолидиран годишен извештај на друштвото за 2013 година. Беше донесена одлука добивката од 2013 година да остане нераспоредена, а „Палома" и оваа година ќе продолжи со позитивното тргување. Добивката од првите пет месеци од 2014 година е за 8% повисока во споредба со истиот период лани.
Резултатите од тргувањето за период подолг од планираниот се последица од работата во склад со стратешките насоки за развој, бидејќи „Палома" во сите сегменти настојува да се приближи кон потребите на пазарот. За тековната година „Палома" предвидува зголемување на продажбата на клучните пазари, ребрендирање на клучните трговски марки, иновации и подобрување на целосниот асортиман на производи.