
„Палома“ минатата година остварила чиста добивка во износ од 1,6 милиони евра, што е за 127 отсто повеќе во однос на претходната година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Палома" минатата година остварила чиста добивка во износ од 1,6 милиони евра, што е за 127 отсто повеќе во однос на претходната година.

Во 2016 година, биле остварени 86,7 милиони евра приходи од продажба, односно за 2 отсто повеќе од 2015 година.
Резултатот од редовното работење на компанијата изнесувал 2,3 милиони евра, а најголем пораст „Палома" забележала во сегментот приватни трговски марки. Инвестициите лани изнесувале 1,3 милиони евра, со што производствените капацитети се зголемиле за една петина.
Дополнително за зголемената продуктивност помогнале инвестициите за производство на готови производи, пред сè, инвестицијата во линијата C-ROL4. Со тоа, продуктивноста се зголемила за 24 отсто, а се зголемила и продуктивноста на линиите C10-ROL и C11-ROL, истакнуваат од компанијата.