
Претпријатието „Палома“ по промената на раководството забележа подобри резултати, оваа година се очекува продажните приходи да достигнат 90 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Претпријатието „Палома" по промената на раководството забележа подобри резултати, оваа година се очекува продажните приходи да достигнат 90 милиони евра.
Новото раководство на „Палома" ги остварува првите позитивни резултати. Компанијата насочена на производство на хартиена галантерија, до крајот на годината очекува да достигне вкупна вредност од 90 милиони евра. Сличен резултат компанијата остварила во 2007 година, кога продажбата достигнала 88 милиони евра.
Силен ветер во грб ни даде старата работна сила, кажа претседателот на „Палома", Тадеј Госак. Кон крајот на годината направивме стратегија, во јануари почнавме да работиме на истражување на пазарот, а на почетокот на март почнавме со производство на нашите новитети. Претпријатието ќе стави акцент на производство на сопствените брендови. Во последната година растевме на сите пазари. Во Србија за 30, а во Хрватска за 20 отсто. Приходите од странство сочинуваат вкупно 85 отсто од вкупната продажба. Ги препознавме клучните продажни програми, зацртавме стратегија на продажба, од пазарот ги повлековме непрофитабилните производи, а се насочивме на оние што ни носат профит, рече првиот човек на „Палома".
| Потребни се 20 милиони свеж капиталСпоред зборовите на Госак, „Палома" сака до 2020 година да најде адекватен коспоственик, кој во претпријатието ќе придонесе 20 милиони свеж капитал. При барањето на партнер ќе им помогне „Ерсте Група". Потребните средства се наменети за нова опрема. |