
„Палома“ во првите шест месеци оствари приход во износ од 44 милиони, што е за девет отсто повеќе од истиот период минатата година, како и два отсто од планираното.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Палома" во првите шест месеци оствари приход во износ од 44 милиони, што е за девет отсто повеќе од истиот период минатата година, како и два отсто од планираното.
Тоа е резултат на насоченото дејствување на пазарот и на интензивните продажни активности со што успешно е подигната продажбата на производите од брендот Paloma. Напуштањето на неефикасните програми ја оптимизираа понудата и истовремено беше инвестирано во зголемување на производниот капацитет.
„Палома" и понатаму продолжува со работните и финансиските реструктуирања. Во рамките на проектот за намалување на трошоците, постигната е заштеда вредна 2,3 милиони евра. Истовремено за 40 отсто се намалени обврските кон доставувачите, а поради сите наведени активности во првата половина од годината постигната е добивка во вредност од 1,4 милиони евра.
Во фокусот имаме пет стратешки насочувања што ги зададовме во минатата година и со што сакаме да ја подигнеме „Палома" меѓу водечките на пазарот. Пред сè се концентриравме на брендот Paloma и на производството на висококвалитетни производи. Потоа се определивме за стратешките игри, за што интензивно ги издвојувавме пазарно продажните активности. Посебно внимание посветивме на внатрешната и надворешната комуникација и јасно определивме од какви активности „Палома" нема да остварува приход. Клучните активности за постигнување на подобри резултати поврзани се со бизнис-одлуките за продажба на асортиманот и за цените на производите, изјави Тадеј Госак, претседател на управата.
Во „Палома" сите расположливи средства се вложуваат во неопходното подобрување на производството, за полесно да се задоволат потребите на пазарот. Поради зголемување на нарачките дополнително се вработени 44 работници.