
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првото полугодие од оваа година, „Палома“ го насочи фокусот на работењето на земјите од регионот, каде со активен маркетинг и пораст на продажбата на одредени категории достигна значително зголемување на пазарниот удел, соопштуваат од компанијата.
Во првото полугодие од оваа година, „Палома" го насочи фокусот на работењето на земјите од регионот, каде со активен маркетинг и пораст на продажбата на одредени категории достигна значително зголемување на пазарниот удел, соопштуваат од компанијата.
Како што истакнуваат од компанијата, и покрај силната и активна конкуренција, таа за една година успева да ја подобри својата позиција во сите категории на производи.
Во исто време е зголемена и количествената продажба на производи во категоријата тоалетна хартија и хартиени марамчиња. Пазарниот удел во Словенија порасна на 27,1 отсто, а во Хрватска на 11,6 отсто.
Од „Палома" потсетуваат дека во првите шест месеци направена е реорганизација на категоријата салфети, кои отсега ќе бидат распоредени како Paloma elite, stily и joy.
Компанијата најави дополнителни иновации кои ќе се случат наесен, а докапитализацијата е сè уште во тек.