
Акционерите на „Палома“ на собранието што е одржано на 22 март, се согласија во врска со намалувањето на основниот капитал на групацијата од сегашните 14 милиони на околу 6,5 милиони евра, соопштено е од компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Акционерите на „Палома" на собранието што е одржано на 22 март, се согласија во врска со намалувањето на основниот капитал на групацијата од сегашните 14 милиони на околу 6,5 милиони евра, соопштено е од компанијата.
Акционерите донесоа одлука и за намалување на капиталот за дополнителните 1,3 милиони евра, што ќе бидат насочени во капитални резерви. Основниот капитал на претпријатието на овој начин, во согласност со сопственикот, што во поголемиот дел сè уште е државно, ќе биде намален на пет милиони евра.
„Палома" минатата година оствари 84,2 милиони евра приходи и со тоа достигната е вредност на паричниот тек во висина од 3,8 милиони евра. Поради слабата продажба, во последното тромесечје е забележана загуба од 453.000 евра.
Од групацијата е соопштено дека во текот на првите два месеци оваа година остваренои се околу 12,7 милиони евра приходи од продажбата. Групацијата оваа година планира приходи во висина од 90 милиони евра и паричен тек во висина од 6,5 милиони евра, што сака да ги постигне со производството на 68.000 тони производи.
Како се наведува, Управата под водство на Дарко Браќиќ подготви низа на мерки на продожните и техничките полиња, што веќе се спроведуваат. Истото се однесува и на активностите на пазарите каде што компанијата се обидува да ги ублажи последиците од намалената побарувачка.