
„Пивоварна Лашко“ во првата половина годинава оствари приходи од продажба во износ од 111,8 милиони евра, што е за 14,3 отсто помалку во однос на ланските 130,5 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Пивоварна Лашко" во првата половина годинава оствари приходи од продажба во износ од 111,8 милиони евра, што е за 14,3 отсто помалку во однос на ланските 130,5 милиони евра.
Чистата добивка на пиварницата изнесуваше 5,5 милиони евра, или 24,7 отсто помалку во однос на истиот период минатата година. Во првите шест месеци од 2015 година „Пивоварна Лашко" значително ја намали задолженоста, при што помогна продажбата на „Раденска" на чешката „Кофола".
Надзорниот одбор на компанијата деновиве го именуваше Душан Зоркo за претседател на Управниот одбор за периодот од 31 август 2015 година до 31 август 2016 година, како и членовите на Управата: Мирјам Хочевар (за финансии), Матеј Осет (за производно-техничкиот сектор) и Марјета Зевник (правен, кадровски и општ сектор).