
Во првите пет месеци годинава, извозот на пиво од БИХ се намали за 130,4 илјади евра во однос на истиот период од минатата година, што претставува пад од 40 отсто.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првите пет месеци годинава, извозот на пиво од БИХ се намали за 130,4 илјади евра во однос на истиот период од минатата година, што претставува пад од 40 отсто.
На седницата на одборот на Групацијата на производители на пиво во БИХ во Комората за надворешна трговија на земјата, беше констатирано дека тоа е катастрофален податок. За овие индикатори придонесе значителниот пад на извозот на пиво во шишиња, особено извозот на пиво во амбалажи до 10 литри, кој се намали за 55 отсто.
Извозните вредности се речиси занемарливи во однос на увозните, а во БИХ во последните четири години се забележува тренд на константно зголемување на увозот. Овој факт укажува на неопходноста да се промени односот увоз – извоз, беше заклучено на седницата.
На седницата беше донесена одлука да се упати иницијатива до надлежните државни институции за организација на заеднички состанок, на кој ќе се разговара за можните решенија на клучните проблеми со кои се среќава босанскохерцеговската пивска индустрија.
Од комората соопштија дека на седницата Николас Пени, директор на „Бањалучка пивара", го презеде мандатот за претседател на управниот одбор на Групацијата.