
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Производите произведени во Словенија најчесто се со поголем квалитет од увезените, бидејќи не се потребни дополнителни конзерванси за задржување на свежината. Министерството за земјоделство на Словенија на некои од нив им додели ознака за производи со поголем квалитет.
Производите произведени во Словенија најчесто се со поголем квалитет од увезените, бидејќи не се потребни дополнителни конзерванси за задржување на свежината. Министерството за земјоделство на Словенија на некои од нив им додели ознака за производи со поголем квалитет.
Ознаката има национален карактер, што се доделува и има вредност само во Словенија, а можат да ја добијат производите што се поквалитетни поради начинот на производство, составот, физичките карактеристики (мирис, вкус, текстура) или физичко-хемиските својства.
За добивањето на ознаката за поголем квалитет важни се карактеристиките на одредени производи, на пример, кај сирењето тоа е постапката за преработка на млекото, што овозможува конечен производ без конзерванси.
Сирењата што ја имаат ознаката за поголем квалитет не содржат конзерванси, бидејќи се направени според процесот на дополнителна обработка на млекото со механичко отстранување на бактериите. Конзервансот не им е потребен, а трајноста на сирењето може да се спореди со другите сирења, кажува Марјан Јакоб, директор на млекарницата „Целеиа" чии сирења ја носат ознаката поголем квалитет.
Станислав Брадешко, водечкиот надзорник на сертифицираното тело „Буру Веритас", што меѓу останатото, ја извршува и контролата за храна со ознака поголем квалитет, објаснува дека овие производи имаат и дополнителна контрола, со што се гарантира квалитетот. На предлог на производителот или групата производители, ознаката треба да ја потврди надлежното министерство, а потоа и останатите овластени и сертифицирани тела. Потоа, седуваат циклични проверки, што најчесто се реализираат еднаш годишно, како и ненајавени контроли на производителите и производите на пазарот. Дополнителна контрола извршува и производителот. Во случај на какви било отстапки следуваат санкции, објаснува Брадешко и додева дека на производите со ознаката поголем квалитет може да им се верува.