
Претставништвото на Унгарската трговска куќа „Монте-ХУ Трејдинг“, што на почетокот на октомври е отворено во Подгорица, ќе го направи црногорскиот пазар подостапен за малите и средни претпријатија од Унгарија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Претставништвото на Унгарската трговска куќа „Монте-ХУ Трејдинг", што на почетокот на октомври е отворено во Подгорица, ќе го направи црногорскиот пазар подостапен за малите и средни претпријатија од Унгарија.
Габор Кун, заменик директор на Унгарската национална трговска куќа, кажа дека „Монте-ХУ Трејдинг" треба да допринесе за јакнење на билатералната соработка во секторот на трговијата, односно да им помогне на унгарските мали и средни компании да најдат партенри во Црна Гора.
Веруваме дека со помошта на ова куќа и нашите партнери црногорскиот пазар ќе биде достапен за унгарските мали и средни компании. Отворањето претставува голема шанса за бизнисот во Црна Гора и Унгарија и големи можности за извоз на претпријатија што сакаат да се шират на странските пазари, кажа Кун на свеченоста по повод отворањто на „Монте-ХУ Трејдинг", пренесува „МИНА-бизнис".
Тој додаде дека Унгарската национална куќа има вкупно 16 претставништва на територијата на Европа, Азија, Африка и Америка и дека за нив многу е важно да биде присутна на западниот Балкан.
Унгарските мали и средни претпријатија покажуваат голем интерес за пазарот на западен Балкан, а црногорските трговски партнери кои сакаат да соработуваат со унгарските, можат да се обратат во централата во Будимпешта, каде што има широка база на податоци за услугите и производите на унгарските компании, соопшти Кун.
Целта на Унгарската национална трговска куќа, чии основачи се државата, унгарската трговска и индустриската комора, е воспоставување на директните бизнис-контакти со компаниите од земјата со странските фирми, со цел подобрување на нивните извозни дејности.