
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Хофер“, што на пазарот во Словенија работи седум години, ја отвори својата 70-та продавница во Требње, а „Шпар“ - Словенија во Копар ја отвори 89-та продавница од својот словенечки синџир. Во близина на Копар, „Фама“ од Випава ја отвори својата 25-та продавница.
Трговскиот синџир „Хофер", што на пазарот во Словенија работи седум години, ја отвори својата 70-та продавница во Требње, а „Шпар" - Словенија во Копар ја отвори 89-та продавница од својот словенечки синџир. Во близина на Копар, „Фама" од Випава ја отвори својата 25-та продавница.

Новата продавница на „Хофер" (на сликата), се простира на 1.354 квадратни метри и располага со четири каси. Во новиот објект вработени се 10 работници, а од синџирот за следната година најавуваат отворање на уште 10 продавници.
„Шпар" - Словенија во соработка со инвеститорот „ГТ Непремичнини" за четири месеци го изградија новиот хипермаркет во Копар. Во изградбата на новиот објект инвестирани се 5,5 милиони евра. Хипермаркетот располага со четири каси и се простира на 1.350 квадратни метри продажна површина, а вработување добија 25 луѓе. На потрошувачите на располагање им се 84 бесплатни паркинг-места.
Во компанијата го истакнуваат одделот „To go", каде што можат да се купат готови јадења за носење, а во исто време ја истакнуваат и енергетската ефикасност на објектот. Ова е 89-от објект и според изјавите на директорот Игор Мервич, ќе бидат вкупно 100.
И претпријатието „Фама" од Випава го отвори својот 25 продажен објект. Овој синџир работи преку трговските центри во Випава и Сежана, како и 23 мали продавници на подрачјето на Приморска.